Во Македонија за првпат беше одбележан Националниот ден за мигрена, со цел подигнување на свеста за мигрената како сериозно и хронично невролошко заболување. Настанот се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што беше истакната важноста на навремена дијагноза и современ третман.
На настанот присуствуваа проф. д-р Емилија Цветковска, претседателка на Здружението на невролози, асс. д-р Јован Божиновски, директор на Клиниката за неврологија како и д-р Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, кои ја нагласија потребата од системски пристап кон мигрената како значаен јавно-здравствен предизвик.

Беше посочено дека 10% до 15% од светската популација живее со мигрена, која кај жените се јавува и до три пати почесто, а СЗО ја вбројува меѓу водечките причини за инвалидитет кај лица под 50 години. Во рамки на одбележувањето беше истакнато и отворањето на нова специјализирана амбуланта за мигрена во рамки на Клиниката за неврологија.
Овозмошен е пристап до најновата иновативна биолошка терапија фреманезумаб, која се користи за превентивен третман на мигрена. Со ова Македонија ги следи актуелните европски стандарди и е значаен чекор напред во подобрувањето на грижата и квалитетот на живот кај овие пациенти. Повеке информации и пристап до дневник за главоболки на следниот линк Мигрена. https://www.pliva.com.mk/migrena