1,8K
Македонец (77) го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот „Егнација“, на делницата помеѓу Сјатиста и Кристалопиги, која се протега од Кожани до Костур.
Несреќата се случила неколку минути по 14 часот, кога возило управувано од 49-годишен грчки државјанин се судрило со возило од спротивната насока во кое патувале 77-годишниот маж и 70-годишна жена од Македонија.
Највозрасниот патник загинал на лице место, додека сопатничката се здобила со полесни повреди.
Грчката полиција го приведе возачот на возилото од спротивната насока и отвори истрага за причините и околностите на несреќата.