36-годишен Македонец бил повреден во несреќа при работа во италијанското место Баришано, во провинцијата Л’Аквила.
Според информациите на италијанската агенција АНСА, Македонецот се здобил со повреди на главата и рамената додека работел во компанија за производство и обработка на инертни материјали, покрај државниот пат 261 „Субеквана“.
На местото веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош. Поради сериозноста на повредите, 36-годишниот работник бил транспортиран со хеликоптер во болницата во Л’Аквила, каде бил примен со црвен код.
На местото на несреќата интервенирале и карабинерите, како и претставници на локалната здравствена служба.
Надлежните започнале истрага за да утврдат како точно дошло до несреќата и дали биле почитувани сите пропишани мерки за безбедност при работа.