Мајкл Даглас и на 81 година уште е авантурист – спие во хотел целосно изграден од мраз (видео)

by jadranka 10:12
10:12

И на 81 година, Мајкл Даглас не мирува. Холивудскиот актер се јави од Арктикот, каде престојува во необичен хотел изграден речиси целосно од мраз, докажувајќи дека авантуристичкиот дух не познава години.

Даглас на социјалните мрежи сподели видео од својата експедиција, на кое се гледа како, облечен во дебела зимска опрема и со кацига на главата, се движи низ бескрајни ледени пространства и снежни планини. Во обраќањето откри дека се наоѓа во близина на руската граница и дека во овој дел од светот денот трае само неколку часа – сонцето изгрева околу 10 часот, а веќе околу 14 часот паѓа мрак.

Посебно внимание привлече хотелот во кој престојува. Станува збор за сместување во кое ѕидовите, креветите и речиси целиот ентериер се обликувани од ледени блокови. Наместо класичен мебел, просториите се украсени со уметнички ледени скулптури, а амбиентот потсетува на вистинска снежна станица.
„Никогаш во животот не сум видел нешто слично“, вели актерот во видеото, видливо воодушевен од искуството.

Тој ентузијастички заклучи: „Воа. Мислам, никогаш не сум видел нешто вакво, никогаш не сум видел и никогаш нема да видам.“

Двократниот добитник на Оскар треба да открие повеќе детали за својот семеен живот во претстојните мемоари. „По години прашување, конечно решив дека е време да ја раскажам мојата приказна според мои услови“. Не како кратка приказна, не верзијата обликувана од насловите или кино благајните, туку вистинската работа“, рече Даглас за Deadline.

Слични вести