Мајка на едно од загинатите деца во „Пулс“: Братот на газдата на дискотеката од затвор врши притисок врз сведоците

by valentina 10:37
10:37

Родителите и семејствата на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ имаат информации дека еден од обвинетите во судскиот процес врши притисок врз сведоците на Обвинителството.

-Имаме сознанија дека лицето Ј.Ј. кое се наоѓа на издржување мерка притвор во затворот во Скопје, му дава мобилен телефон на користење на лицето Тодор Јованов, брат на монструмот, кој преку Вибер-комуникација врши притисок врз сведоците на Обвинителството. Ги повикуваме надлежните служби да ја проверат оваа информација и детално да го проверат и комуникациите остварени преку овој телефон. Се случи геноцид на млада генерација поради алчност, корупција и несовесно работење, а пак продолжува да се работи во таа насока. Ние родителите на овие млади убиени деца нема да дозволиме вистината да остане затскриена. Вистината мора да излезе на виделина, правда мора да има за нашите убиени деца, рече Јулија Златкова, мајката на Томас Златков кој загина кобната ноќ во „Пулс“.

Ново рочиште за случајот во кочанската дискотека во судницата во „Идризово“. Продолжува со сведочења. За денеска се предвидени 5-мина сведоци на обвинителството.

Слични вести