Локални избори во Палестина – граѓаните на Појасот Газа излегоа на гласање по 20 години

by irena 22:00
22:00

Локални избори се одржаа во Палестина. Изборната комисија изјави дека изборниот процес се одвивал мирно, без поголеми нерегуларности. Половина од регистрираните гласачи излегле на гласање на Западниот Брег, односно малку повеќе од 500.000 луѓе.

За прв пат по 20 години, гласале и гласачите во Појасот Газа. Прелиминарните резултати се очекуваат утре.

Палестинската Централна изборна комисија објави дека гласањето за локалните избори на Западниот Брег завршило во 19:00 часот по локално време. 512.510 гласачи го искористиле своето право на глас, што претставува стапка на излезност од 53,44 проценти.

Комисијата изјави дека процесот се одвивал мирно и на организиран начин, без регистрирани поголеми прекршувања на законот, објавува агенцијата Вафа.

ЦИК потврди дека броењето и сумирањето на гласовите започнале веднаш во избирачките места, во присуство на контролори на изборните списоци, кандидати, набљудувачи и новинари.

Прелиминарните резултати за секое место ќе бидат објавени на вратата од гласачките места откако ќе заврши пребројувањето.

Комисијата соопшти дека излезноста на гласачите во Деир ал-Балах достигнала 22,66 проценти, при што 15.962 гласачи гласале од вкупно 70.449 лица со право на глас.

Ова е прв пат во две децении да се одржат избори во Појасот Газа, овој пат организирани од Палестинската национална власт (ПНА), која управува со Западниот Брег и е контролирана од партијата Фатах.

Слични вести