Лина Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА листата

by irena 10:01
10:01

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по настапот на Вимблдон има значителен напредок на ВТА-листата.

Ѓорческа скокна 14 позиции и од денеска е рангирана на 209-тото место во светот со 367 освоени поени.

Во претходниот период македонската тенисерка немаше посакувани резултати на турнирите, поради што забележа пад на рангирањето, но успешниот настап во квалификациите за еден од најпрестижните тениски турнири повторно ѝ ја отвори можноста да се приближи до најдобриот пласман во кариерата.

Најдобриот ранг на Ѓорческа досега е 170-то место на ВТА-листата, а со продолжување на добрите настапи таа има шанса повторно да атакува кон таа позиција.

Слични вести