202
Во центарот на Скопје, утринава, спроти полициската станица „Беко“, се откорнал лим од зграда во изградба и паднал врз велосипедист кој во моментот поминувал покрај местото на несреќата.
Според граѓаните кои се сведоци на настанот, лимената конструкција се одвоила поради силен ветер.
Велосипедистот се здобил со тешки повреди, а на местото на настанот интервенирала Итната медицинска помош.
Очевидци велат дека повредениот е пренесен во болница.