Во Собранието на Република Македонија денеска, на комисиска седница, ќе се одлучува за амандманите поднесени од пратениците на Левица.
Од партијата предупредуваат дека доколку биде усвоен Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во формата предложена од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, високата корупција ќе остане неказнета.
„Ја потсетуваме владејачката коалиција ДПМНЕ–ВРЕДИ–ЗНАМ дека јавноста е крајно огорчена. Високата корупција и криминалот на носителите на јавни функции не смеат повеќе да останат без суштински одговор. Секое одложување или попуштање ја продлабочува недовербата во правниот систем и ја легитимира злоупотребата на службената положба“, соопштуваат од Левица.
Од партијата додаваат дека нивните амандмани имаат за цел да спречат релативизирање на кривичната одговорност за висока корупција и да обезбедат вистинска правна одговорност за носителите на јавни функции.