Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, информира дека поднеле Претставка за групна политичка дискриминација до Комисијата за спречување и заштита од дискриминациј, откако беа оставени без средства и можност за политичко рекламирање за изборите.
-Поднесена е Претставкатаза групна политичка дискриминација до Комисијата за спречување и заштита од дискриминацина со посебно барање за нејзино вмешување во спорот како “Пријател на судот” (лат. Amicus curiae).
Со ова ги исцрпуваме сите домашни правни средства, инструменти и лекови кои ни стојат на располагање согласно домашното позитивно право, по што нашиот правен тим ќе премине кон подготовка на кривичните пријави против членовите на Советот на АВМУ (поименично) + спремање на вештачење за финансиска оштета (солидарна одговорност) + апликација пред Европскиот суд за човекови права (Стразбур), вели Апасиев.
Тој додава дека досега немаат добиено одговор од никадњ, иако сите постапки кои ги иницирале до надлежните се итни.
-Институциите на режимот чекаат Изборите да завршат, па да се прогласат за “ненадлежни”, заклучува Апасиев.
Од партијата претходно побараа и Уставниот суд итно да се изјасни со времена мерка, но од таму засега нема одговор, освен дека ја примиле нивната иницијатива.