Левица поднесе предлог-закон за заштита на името ВМРО – Мицевски вели, тоа е нарачано од круговите што работат против идентитетот

by irena 14:35
14:35

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, на својата Фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО.

„Конечно, дојде Денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разно-разни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова име за лично богатење. ‘ПослушајтеПатриоти’” – напиша Апасиев.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, реагираше на предлог-законот, нарекувајќи го „срамен обид“ и дел од поширока агенда насочена кон бришење на македонската историја и идентитет.

„Радикални маргинални структури се обидуваат повторно да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата. Последниот обид на Левица е ништо друго освен директна нарачка од круговите што со децении работат против македонскиот идентитет“, порача Мицевски.

Тој потсети дека слични обиди имало и во 2018 година, со поддршка од, како што рече, тогашната власт на СДСМ, ДУИ и СЈО.

Слични вести