Левица: Наместо емпатија и чувство на одговорност за Кочани, Мицкоски порача дека треба да се веселиме и да зборуваме за убави работи

by irena 12:56
12:56

“Во неверување сме од крајно несоодветната и нечувствителна изјава на премиерот Мицкоски, дадена по излегувањето од седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – седница на која зборуваа родителите на трагично загинатите деца од Кочани.

Наместо емпатија, обврска и чувство на одговорност, Мицкоски порача дека треба да се веселиме и да зборуваме за убави работи“, соопштија денеска од Левица.

Според партијата, „премиерот побара македонскиот народ на којшто пред само неколку месеци му се случи ужасна трагедија од светски размери, македонскиот народ кој сѐ потешко живее – да се однесува шизофрено, делузионално, како што тоа го прави власта на чело со ВМРО-ДПМНЕ“.

Левица обвинува дека „Мицкоски побара од народот во земја завиена во црно, да ги игнорира секојдневните скандали, стравови и опасности по безбедноста и животот… и тоа веднаш по солзите на мајките, нивните траорни сведоштва и барања“.

Слични вести