Левица: Имаме кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Струга – луѓе со знаење, интегритет и визија

by irena 11:14
11:14

На Мицкоски и ДПМНЕ им порачуваме да не се бламираат – Левица има кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Струга, а ДПМНЕ коленичи пред ВРЕДИ. Со искрено неверување ги следиме бламирачките изјави на Мицкоски и ДПМНЕ ги следиме изјавите на Мицкоски и ДПМНЕ по повод кандидатурите на Левица за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, се наведува во соопштението на Левица.

„Од патетични флоскули за „горда Македонија“, паднавте до ниво да напаѓате партија која единствена има храброст да понуди сопствени кандидати во општини каде што вие и СДСМ кукавички се повлековте и одлучивте да ги поддржите ВРЕДИ и ДУИ.

Вие, кои од петни жили ги браните кандидатите на ВРЕДИ, немате никакво морално право да ѝ држите лекции на Левица. Се спуштивте на ниво вашиот помал коалиционен партнер да не ви прави никакви отстапки – па така, на пример, во Град Скопје извади свој кандидат за градоначалник без да ве праша.

Поврзувањата на Левица со ДУИ се крајно смешни. Ние никогаш сме немале договори со ДУИ и така ќе остане. Пример за тоа се бројните кривични пријави поднесени единствено од наша страна против функционери од ДУИ.

Токму ДПМНЕ е симболот на коалицирање со ДУИ, како во минатото – така и сега: заедно владеевте со години, заедно ги амнестиравте т.н. Хашки случаи, заедно гласавте и гласате штетни одлуки во советите како во Велес и Куманово, заедно носите двотретински закони во Собранието преку политички пазар, вие го пуштивте Артан Груби во бегство и до ден денес владее молк за тој случај.

Дали според вас македонскиот народ треба да гласа за кандидати како Касами кој отворено заговара федерализација на Македонија и негира сè што е македонско? Дали тоа е вашата визија за „горда Македонија“?

Левица понуди опција и кандидираше луѓе со знаење, интегритет и визија:

За Струга – Јована Мојсоска, актуелна пратеничка и генерален секретар на Левица
За Тетово – д-р Катка Божиновска, доктор на правни науки
За Гостивар – Дарко Грујоски, ИТ-специјалист

За разлика од вас, кои својата судбина и достоинство ги продадовте на коалициските пазари, Левица ја води борбата со свои сили, луѓе и со чист образ. Гласот за Левица е јасна порака дека народот повеќе не е заложник на вашите криминални коалициски математики и сака вистинска промена единствено во интерес на граѓаните“ стои во соопштението од Левица.

Слични вести