СДСМ и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога е во прашање развој на индустријата поврзана со дата центри, индустрија која е иднина, индустрија која се развива во светот, но Венко Филипче од само нему познати причини се противи, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Македонија веќе има дата центар во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци. Затоа на Македонија и треба основен, примарен, национален дата систем за чување на сите податоци од сите институции.
Македонија како држава има проект во делот на реформската агенда со ЕУ за изградба на национален дата центар. Притоа, ЕУ обезбедува финансии и финансиска помош, а Македонија има обврска да изгради основен, примарен национален дата центар. Ова е начин да се заштитат податоците на државните институции од евентуални сајбер напади, односно податоците да бидат сигурни – рече Лефков.