Денеска со герила акција Либерално-демократската партија (ЛДП) алармираше дека раното откривање на канцерот може да спаси живот, но за превенција не се доволни кампањи, празни ветувања и изговори дека нема термини!, се вели во соопштението од ЛДП.
„Додека надлежните штедат на здравјето, жените во Македонија се соочуваат со сурова реалност и погубна статистика – според Државниот завод за ревизија, со скрининг-мамографија се опфатени одвај 0,8 до 5,4 проценти од жените, а со скрининг за рак на грлото на матката само 10,3 до 15,5 проценти. Ова не е обична статистика, зад овие бројки стојат човечки животи изгубени во систем без грижа,“ изјави претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова.
![]()
Од партијата велат „Затоа ЛДП бара итни системски решенија: гарантирани термини за превентивни прегледи, автоматски покани за скрининг, еден платен слободен ден годишно за превенција и преглед на товар на државата во приватното здравство кога јавниот систем не може навреме да обезбеди термин. Болеста не знае да чека и не познава административни бариери.
Дополнително, бараме Министерството за здравство секој месец јавно да објавува колку термини се достапни за мамографија, ехо на дојка и ПАП-тестови, колку граѓани чекаат и колку долго. При секое сомневање за канцер мора да има итна дијагностичка постапка, а не чекање со месеци по коридорите!
Не бараме привилегии, туку здравствен систем во кој навремениот преглед е право, а не среќа, бидејќи држава што штеди на превенција, утре плаќа со човечки животи!“.