Лажна достава преку СМС порака: Жител на Гостивар останал без 89.106 денари

by irena 17:09
17:09

На 16.01.2026 во 13:00 часот во ПС Гостивар С.А. (34) од Гостивар пријави дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“.

Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон примач во странство.

Од МВР известуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести