Лавров до Европа: Русија нема да нападне, но ако биде нападната одговорот ќе биде разорен

by vlatko 10:07
10:07

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака до европските политичари, нагласувајќи дека одговорот на Русија на евентуален напад врз неа би бил разорен.

-За политичарите во Европа кои не разбираат, а на кои, се надевам, ќе им биде прикажано ова интервју, повторувам уште еднаш: нема потреба да се плашат дека Русија ќе нападне некого – рече Лавров.

Потоа тој додаде: „Ако некој се осмели да ја нападне Русија, одговорот ќе биде разорен“.

Лавров потсети дека таковиот став јавно го искажал неколку пати рускиот претседател Владимир Путин.

Слични вести