Кузеска: Власта нема волја за спроведување на реформите во правосудството

by irena 13:04
13:04

Власта нема политичка волја за спроведување реформите во правосудството одговори на на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

„Јасно е што треба да се направи, експертите и ЕУ ги напишаа чекорите на реформската агенда и таа треба да се проведе а досега власта нема направено ништо. Очигледно е дека власта нема политичка волја за спроведување на реформите во правосудството“.

Кузеска смета дека власта измислува изговори за да не продолжат реформите и европскиот пат.

„Сметаме дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат реформите и да не продолжи европскиот пат на земјата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање за ставовите на власта дека ќе бара нов протокол.

„Граѓаните чекаат владата да направи исчекор кон европскиот пат на земјата и да испорача реформи. Граѓаните се веќе уморни од нови празни зборови. Велеа дека можат да обезбедат подобар договор со Бугарија, дека можат да обезбедат нова преговарачка рамка, дека се во периметарот. Ништо од тоа не се случи. Сметаме дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат реформите и да не продолжи европскиот пат на земјата.“ рече Кузеска.

Слични вести