65
40-годишен кумановец бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување на спортска обложувалница во Аеродром.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:20 часот во СВР Скопје, Д.Л.(40) од Куманово пријавил дека пред спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од Д.Д.(48) од Скопје, вработен како обезбедување.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.