Кумановец е тешко повреден, удрил во паркирано возило

by irena 19:07
19:07

Кумановец е тешко повреден откако со возило удрило во паркирано „пежо“ вчеравечер на улица во Куманово. 

– На 08.07.2026 околу 22:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(41) од Куманово удрило во паркирано товарно возило „пежо“, паркирано од С.К.(38) од Куманово, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., констатирани во Општата болница Куманово. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

Слични вести