Кумановец (46) попладнево загина во сообраќајка на патот Велес – Штип

by irena 21:52
21:52

Во тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на патот Велес – Штип, во близина на клучката за селото Дорфулија, животот го загуби 46-годишен жител на Куманово.

Првичните информации се дека тој управувал автомобил „шкода фабија“, кој од засега непознати причини излетал од коловозот.

Од здобиените повреди, возачот починал на местото на несреќата.

По наредба на надлежните органи, телото на починатиот е предадено на обдукција.

На местото на несреќата бил извршен увид, а надлежните институции ги утврдуваат причините и околностите под кои дошло до несреќата.

Слични вести