Кумановец (21) возел со 1,55 промили алкохол во крвта

by irena 16:14
16:14

Млад кумановец фатен како пијан управува со „бмв“.

– На 16.06.2026 во 22:11 часот на ул. „Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(21) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки и проверки, било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта – информираа од МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести