Кривична за охриѓанец и радовишанец – бесправно граделе во Велестово

by irena 12:31
12:31

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Т.(53) од Охрид и Е.Д.Г.(44) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.

Тие, како инвеститори, на катастарска парцела во охридското село Велестово започнале изградба на објект иако знаеле дека не поседуваат соодветна градежна дозвола издадена од надлежен државен орган.

По контрола извршена на 17.12.2025, констатирано е дека објектот се гради без одобрение од инспектор од Одделението за инспекциски надзор и било изготвено решение за отстранување на градбата.

Слични вести