164
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Б.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на знак за помош и опасност“.
Како што информираат од МВР, на 05.03.2026, пријавениот – вработен во РЕК Осломеј, на неговиот претпоставен лажно, преку порака на мобилен телефон, му пријавил дека има поставено експлозивна направа во кругот на РЕК Осломеј, по што го напуштил кругот на РЕК Осломеј.