Кривична за Фатмир Дехари и четири вработени во општина Кичево – не оделе на работа, а земале плата

by irena 14:59
14:59

МВР поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево – Фатмир Дехари, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според МВР, Дехари во периодот од 2021 до 2025 година, во својство на градоначалник, склучил договори за вработување со четири лица, иако свесно им дозволувал да не доаѓаат на работа, а сепак да примаат плата и други надоместоци.

По истекот на законскиот рок, тој не им го прекинал работниот однос.

Со ваквото постапување бил оштетен буџетот на Општина Кичево за околу 130.000 евра, а на вработените им била овозможена противправна материјална корист – велат од МВР.

Кривични заработија и четворицата вработени во општината – Ф.А. (62) од село Зајас, А.Н. (38) од село Србица, Х.Б. (37) од село Црвевци и Б.С. (36) од село Стрелци.

Тие се пријавени за перење пари и други приноси од казниво дело.

Слични вести