201
СВР Битола поднесе кривична пријава против две лица од Битола, поради сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“.
Според информациите од МВР, првопријавената во својство на директор, а потоа и медицински директор, заедно со раководителка на оддел, ги пречекориле своите овластувања со цел да овозможат противправна имотна корист за себе и за други лица.
Од полицијата информираат дека во период од ноември 2023 до јуни 2024 година биле потпишувани листи за исплата на прекувремени часови за 12 вработени доктори, спротивно на одлука на Управниот одбор.
На тој начин била овозможена неоснована исплата во износ од 494.933 денари, со што е оштетен буџетот на државата.