Кривична за двајца ресенчани, повредија полицаец

by irena 13:18
13:18

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Б.Р.(26) и У.Р.(54), двајцата од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што информираат од МВР, на 26. јули годинава во Ресен, полициски службеници сопреле патничко возило „фиат“ без регистарски ознаки, управувано од Б.Р., кој одбил да се легитимира, го стартувал возилото и повредил еден полициски службеник.

Подоцна, откако бил пронајден Б.Р., тој заедно со У.Р. физички и со тврди предмети нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Слични вести