Кралот Чарлс: Шокиран сум од нападот со нож во воз во Англија

by irena 18:16
18:16

Британскиот крал Чарлс Трети изрази длабока загриженост и сочувство поради масовниот напад со нож што се случи во возот на линијата Донкастер–Лондон, во кој беа повредени најмалку десет лица.

„Мојата сопруга Камила и јас сме апсолутно ужаснати и шокирани од овој страшен напад. Нашите мисли се со сите погодени и нивните најблиски,“ напиша кралот во објава на социјалните мрежи.

Британската полиција соопшти дека во оваа фаза се исклучува можноста за терористички мотив, додавајќи дека се уапсени двајца британски државјани – едниот 32-годишен, а другиот 35-годишен маж од карипско потекло – под сомнение за обид за убиство.

Нападот се случил во петокот вечерта, кога напаѓачот почнал да ги напаѓа патниците со нож во возот кој сообраќал меѓу Донкастер и Лондон Кингс Крос.

Возот бил итно запрен на станицата Хантингтон, во близина на Кембриџ, за да може полицијата да интервенира.

Според извештаите, деветмина од повредените имаат животно загрозувачки повреди.

Слични вести