Крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на Алис Вајдел стана најпопуларна во земјата, престигнувајќи го блокот ЦДУ/ЦСУ на канцеларот Фридрих Мерц, додека расте незадоволството на гласачите од неговата коалициска влада, покажува анкета на „Југов“ објавена од „Ди Велт“.
АфД има поддршка од 27 отсто од испитаниците, што е зголемување од 1 процентен поен во однос на март. Конзервативниот сојуз на Мерц паднал за 3 поени, на 23 отсто, што е најниско ниво од декември 2021 година.
Поддршката за Социјалдемократите изнесува 13 отсто, додека Зелените имаат 14 отсто, а Левицата 10 проценти.
Анкетата покажува и растечко незадоволство од владата – дури 79 отсто од испитаниците рекле дека се незадоволни од нејзината работа, во споредба со 55 отсто во јуни 2025 година.
„Југов“ анкетирал 2.178 гласачи во периодот од 10 до 13 април, со маргина на грешка од 2,5 процентни поени.