Ковачев: Трите најголеми партии во ЕП поднесоа амандман да се отстрани македонски идентитет и јазик од Предлог-извештајот

by irena 13:20
13:20

Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев изнесе нови информации за Предлог-извештајот за напредокот на Македонија кон членството во ЕУ. Според него, воопшто нема да се спомне македонски идентитет и македонски јазик во документот кој треба да се гласа на пленарната седница на Европскиот парламент на 8 јули.

„На барање на групата на Европската народна партија, трите најголеми партии во Европскиот парламент – ЕНП, С&Д (социјалистите) и либералите од Ренју, синоќа се согласија да ги отстранат сите референци за „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од Предлог-извештајот за напредокот на Северна Македонија. Очекувам дека овој амандман ќе биде поддржан од мнозинството во ЕП следната недела на пленарна седница“, објави Ковачев.

Тој смета дека темите за идентитетот и јазикот немаат место во Извештајот за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ. Вели дека ваквите теми водат само кон неединство и ја отвораат Пандорината кутија.

„Ова е потврдено во овој конкретен случај со постојаните појавувања на владетелите во Скопјe, а особено на премиерот Мицкоски со неговите манипулации со „вековниот идентитет и јазик“. Неприкриената цел на властите во Скопјe беше, во пресрет на локалните избори, да покажат некаков неверојатен триумф над „источниот сосед“ и со тоа да објаснат зошто би направиле некои козметички измени во својот устав и делумно би ги вклучиле Бугарите во него. И покрај невидениот притисок и лобирање, таков преседан не треба да стане дел од извештаите на Европскиот парламент или на која било друга европска институција“, објави Ковачев.

 

Слични вести