241
„По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ. Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување“ напиша меѓудругото на Фејсбук поранешниот градоначалник на Струмица – Костадин Костадинов.
Тој вели „Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно.
Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ“.