171
Со постепеното укинување на рестриктивните мерки на Европската Унија, средствата за Косово од Инвестициската рамка за Западен Балкан се деблокирани, наведуваат од косовската Влада. Според нив, одобрени се и проектите за кои аплицираше Косово во области како што се енергетиката и дигитализацијата, јавува „RTV21“.
Рестриктивните мерки кон Косово беа воведени во 2023 година по тензиите на северот од земјата. Нивното постепено укинување започна дури во јули оваа година, по најавата на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.
Сепак, Кљисман Кадију, советник на вицепремиерот во техничкиот мандат за европски интеграци, изјави дека ЕУ ги деблокирала средствата за Косово и одобрила нови проекти.