Во тек е голема полициска акција во Скопје во врска со 5 тони марихуана што минатата недела беа запленети во Србија, кои наводно се набавени од Македонија.
Десетина комби-возила, пет-шест камиони и полициски возила попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција, пишува 360 степени.
Велат дека местото е под силно полициско обезбедување и пристапот до таму не е можен.
Претреси се вршат на повеќе локации во Скопје и Струмица. Акцијата е во координација на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).
Српската полиција минатата недела заплени пет тони марихуана во близина на Крушевац, за кои српските медиуми информираа дека се набавени од македонска територија.