Кој ќе биде македонскиот „Олси Рама“? Дали Законот за игри на среќа го пресликува пропаднато албанско сценарио?

by irena 10:00
10:00

Старо-новиот предлог-закон за игри на среќа не престанува да предизвикува бурни реакции, особено бидејќи сè повеќе потсетува на албанското сценарио кое своевремено ширум ја отвори вратата за нелегалното обложување во Албанија поради бизнис интересите на братот на албанскиот премиер Еди Рама – Олси Рама.

Кога во 2018 година Еди Рама најави целосна забрана на спортските обложувалници и казината во Албанија, официјалното оправдување беше „крај на лудилото“. Сепак, албанската опозиција алармираше дека единствената цел е да се уништи легалната конкуренција и монополот на онлајн обложувањето да се предаде во рацете на неговиот брат, Олси Рама.

Дека забраните не функционираат призна и самиот Еди Рама, потврдувајќи дека мафијата профитирала во сивата зона. Тоа ја принуди Албанија повторно да го легализира онлајн обложувањето, доделувајќи само 10 ексклузивни лиценци за елитата. Македонската Влада денес се чини чекори по слична патека, па јавноста го поставува прашањето за кого се расчистува македонскиот пазар и кој ќе управува со новиот државен монопол?

Ставот на вицепремиерот Изет Меџити е дека со измените на Законот за игри на среќа ќе се „заштити младината“, но со Член 7 од предлог-законот всушност целосно се исклучуваат лиценцираните домашни компании, а контролата и приходите од онлајн пазарот се централизираат исклучиво во рацете на државата.

Игрите се туркаат во подземјето

Експертите и асоцијациите АСОМ и АПИС предупредуваат дека затворањето на легалните објекти нема да го спречи обложувањето. Напротив, тие велат дека играчите ќе бидат турнати во диви казина и на нерегулирани странски сајтови, каде што државата нема контрола, а младите остануваат незаштитени.

Додека Европа го либерализира пазарот, нашата Влада ја криминализира индустријата, го празни буџетот и ја предава државата на подземјето. Затоа од асоцијациите на приредувачите на игри на среќа велат дека пратениците се исправени пред историска одлука: да застанат зад 10.000 македонски семејства на кои им се загрозува работното место, или да дозволат реализација на албанскиот модел во Македонија?

Слични вести