„Кога љубовта не умира, таа се претвора во борба“, порача Александар Наунов на денешниот „Марш на ангелите“

by irena 17:53
17:53

„Кога љубовта не умира, таа се претвора во борба“, порача Александар Наунов, татко на Надица, на денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани. На протестот посветен на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, Наунов истакна дека борбата за правда ќе продолжи – не само за неговото дете, туку и за сите деца кои ги загубија животите поради системски пропусти.

„Од тој ден не живеам, туку опстојувам. Ќе зборувам, ќе се борам и ќе врескам сè додека правдата не биде задоволена“, рече Наунов во својот потресен говор, потсетувајќи дека утре неговата ќерка Надица требало да наполни 18 години. Тој се присети на семејните радости и плановите за роденденот што никогаш нема да се случи.

Додаде дека неговата единствена цел е еден ден, стоејќи пред нејзиниот гроб, да може да каже дека не се откажал и дека се изборил за вистината.

Наунов нагласи дека Надица не го загубила животот по Божја волја, туку поради корупција, немар и сериозни институционални пропусти на системот кој требало да штити, а не да убива.

Слични вести