Кочани организира тивок собир за жртвите од трагедијата во Кранс-Монтана

by irena 09:20
09:20

Организаторите од Кочани информираат дека планираниот „Марш на Ангелите“ нема да се одржи, а наместо тоа граѓаните се повикуваат на мирна и достоинствена средба, со која ќе се испрати порака на сочувство и солидарност.

Под мотото „Од Кочани до Кранс-Монтана: Тивка почит за загинатите“, жителите на Кочани – град што длабоко ја разбира болката од загубата предизвикана од огнена стихија – ќе се соберат за да запалат свеќи и да оддадат почит во тишина.

Настанот е закажан за сабота, 10 јануари, со почеток во 16:40 часот, а собирното место е Паркот на Револуцијата во Кочани.

„Ве повикуваме да бидеме заедно во тишина, сочувство и солидарност. Од град што ја носи болката во себе, до мајките и семејствата што денес ја живеат истата тишина — да застанеме заедно, без зборови што се премали за ваква загуба“, стои во повикот до јавноста.

Слични вести