Клучката кај Момин Поток ќе биде пуштена во употреба до Нова година, најави Ѓорѓиевски

by vlatko 13:47
13:47

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се реализирани 75 проценти, а проектот ќе биде целосно завршен и пуштен во употреба до Нова година, најави денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, при увидот на терен.

Според него, проектот пред седум месеци бил во застој, со реализирани само 10 проценти од постапката за експропријација, додека денес таа е целосно завршена, а сите сопственици се обесштетени.

-Како што ветивме, до Нова година овој значаен инфраструктурен проект ќе биде целосно завршен. Станува збор за комплексен зафат кој опфаќа два километри потпорни ѕидови, пешачки и велосипедски патеки, како и изградба на пет моста, од кои последните се во завршна фаза – изјави Ѓорѓиевски.

Тој оцени дека со пуштањето во употреба на клучката значително ќе се намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот и ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Слични вести