Кирков: Во Зоолошката градина има туберкулоза, затоа умираат животните

by irena 18:40
18:40

Советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, преку објава на социјалните мрежи предупреди на сериозна состојба во Зоолошката градина во Скопје, наведувајќи дека причина за смртта на неколку животни е туберкулоза.

-Неодамна починаа Лами за кој се установи дека биле заболени од туберколуза, исто така пред неколку дена почина и младо мајмунче од видот Гибон за кој исто така резултатите на туберкулоза беа позитивни и тоа е причината за неговата смрт.

За трагедијата да биде уште поголема пред десетина дена почина и бизонот за кој денес добив официјални резултати дека истиот бил болен од туберкулоза, ноазен тип за кој ако малку се информираме ќе видиме дека е пренослив од животно на животно и од човек на човек.Резултатите се добиени од патолошките наоди на погинатите животни од Ветеринарниот факултет, Ветеринарниот институт и од Агенцијата за храна и ветерина, информира Кирков.

Информациите кои, додава тој, ги добивам од Зоолошката внатре и од вработените е повеќе од аларматна.

-ЗОО Скопје е контаминирано подрачје од оваа болест, се сомневаме дека цели реони се зафатени, вработените се оставени сами на себе без никаква соодветна на ваков тип на епидемија, подложени се на мобинг за да молчат за се што се случува внатре, додека дневно гледаме дека има стотици посетители кој поминуваат низ живеалиштата каде починаа овие животни“, вели Кирков.

Слични вести