Ќерка пријавила мајка дека ја нападнала, утредента мајката пријавила дека ќерката неа ја тепала

by irena 17:21
17:21

Мајка и ќерка од Скопје вчера во рок од 15 часа се пријавиле една со друга за физички напад, соопшти МВР.

“На 08.09.2026 во 16:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 64-годишна жена од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Центар, физички ја нападнала нејзината 39-годишна ќерка.

На 09.09.2026 околу 07:50 часот во Полициската станица Кисела Вода,  полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор и со 39-годишната жена, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 64-годишна мајка.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави“, пишува во полицискиот билтен.

Слични вести