Ќе нема струја до 14:30: Исклучувања на неколку улици во Скопје

by irena 08:58
08:58

Поради закажани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска дел од жителите на општина Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија, соопшти ЕВН Македонија.

Планираниот прекин ќе трае од 09:30 до 14:30 часот, а ќе ги опфати делови од улиците „Борис Сарафов“, „Македонска Преродба“ и „Знеполе“.

Од компанијата информираат дека прекинот е предвиден поради редовни активности за одржување и модернизација на електродистрибутивната инфраструктура. Воедно, ги повикуваат граѓаните навреме да ги организираат своите обврски согласно најавениот термин.

Слични вести