Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме, праша Јакимовски

by vlatko 21:27
21:27

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, се огласи на социјалните мрежи по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.

„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок. Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство. И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.

Слични вести