Кавадарчанка со возилото излета од патот, заврши во болница

by irena 14:07
14:07

МВР информира дека вчера вечерта во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 22:00 часот на крстосница од улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Никола Минчев“ во Кавадарци, патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 56-годишната В.К. од Кавадарци излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во Општа болница Кавадарци.

Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Слични вести