Кавадарчанка остана без 30.000 денари – измамена е со лажна порака во име на МВР

by irena 14:30
14:30

МВР информира дека вчера попладне во 15:45 часот во ОВР Кавадарци, 43-годишна кавадарчанка пријави дека претходниот ден била измамена за сума од 29.930 денари.

Според пријавеното, на нејзината електронска адреса добила лажна порака во име на Оддел за моторни возила при МВР за сторен сообраќаен прекршок и со насоки за електронско плаќање на казната, по што се регистрирала според дадените инструкции и ги оставила своите лични податоци.

Според пријавеното, подоцна добила известување дека од нејзината банкарска сметка бил извршен одлив на парични средства и сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Слични вести