Повторените избори за градоначалници во четири општини донесоа ограничен успех за коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), која победи во Гостивар и Врапчиште. ВМРО-ДПМНЕ го освои градоначалничкото место во Маврово и Ростуше, додека во Центар Жупа беше избран единствениот кандидат од Демократската партија на Турците во Македонија.
Излезноста беше ниска – до 18:30 часот гласале околу 28 отсто од запишаните избирачи, помалку отколку на поништеното гласање во октомври 2025 година, со исклучок на Врапчиште каде имаше зголемен одѕив.
Во Гостивар убедливо победи кандидатот на НАИ, Валбон Лимани, пред кандидатот на „Вреди“ Невзат Бејта. Сличен однос имаше и во Врапчиште, каде победи Исен Шабани од НАИ. Во Маврово и Ростуше победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакуповски, додека во Центар Жупа трет мандат обезбеди Аријан Ибраим.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека изборниот процес поминал мирно и дека партијата со оваа победа има градоначалници во 56 општини.