Камион и автомобил се судрија на обиколница, мотор и кола во Аеродром: Две несреќи во Скопје

by irena 10:37
10:37

Две сообраќајни несреќи утрово во Скопје предизвикаа отежнување на сообраќајот.

Првата несреќа се случила на обиколница, кај Мирковци.

– Денеска (17.06.2026) во 05:40 во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, од Бутел кон Мирковци, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно и патничко возило, двете со скопски регистарски ознаки. Увидот е во тек, информираа од МВР.

Втората сообраќајна незгода е регистрирана во населбата Аеродром.

– Денеска (17.06.2026) во 07:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл со скопски регистарски ознаки. Увидот е во тек, соопштија од полицијата.

Слични вести