278
Универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев реагираше по обвинението за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Смета дека процесот носи сериозни импликации.
„Штетата од политички монтираното обвинение за Кочани ќе ја платиме сите!“ – напиша професорот на Фејсбук.
Пред извесен период, Калајџиев на истата теме напиша:
„Не е страшно што обвинителите згрешиле со „теоријата“ за верижна одговорност за пожарот во Кочани. Страшно е што не се работи за грешка туку за нарачка од политиката. Страшно е што сите правни авторитети се сложија дека тоа баш нема да може, а сепак си го тераат! Згора и се унапредуваат во кариерата. Уште пострашно е што судот нема храброст да не го прифати ваквото широко обвинение“.