Каја Калас се „отворила“ пред европратениците – „Светот е во таква состојба што е вистинско време да се почне со пиење“

by jadranka 23:08
23:08

„Актуелната глобална ситуација е одлична можност да се почне со пиење, иако не сум голем пијач“, им рекла на само на европратеници шефицата на европската дипломатија, Каја Калас. Нејзините коментари беа објавени од два извори кои присуствуваа на состанокот, објави Политико.

Според написот, Калас ова го рекла на шега пред лидери на политички групи во Европарламентот.

„Хумористичниот коментар дојде откако голем број европратеници разменија саркастични новогодишни честитки, со оглед на тоа што ситуацијата во Украина, Газа, Иран и на други места ја направи 2026 година не толку поволен почеток“, вели Политико.

Изјавата на Калас  откако министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд се сретнаа со високи американски претставници во Белата куќа за да разговараат за заканата на Трамп околу американските амбиции за анексија на Гренланд.

Слични вести