Кај охриѓанец пронајдени пушки и бомби

by valentina 10:53
10:53

Од МВР информираат дека при претрес во дом во Охрид е пронајдени оружје и муниција.

-На 17.06.2026 во 12:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, информираат од МВР.

Слични вести