„Каде е мојата сопруга?“ – Дејан Јанков започна штрајк со глад по исчезнувањето на Злата

by irena 11:57
11:57

Дејан Јанков од Свети Николе, сопруг на Злата Јанкова – жената која исчезна на 16 јуни 2024 година – утрово започна штрајк со глад пред полициската станица во Свети Николе. Тој вели дека ќе остане таму и ќе гладува сè додека институциите не преземат конкретни чекори и не добие одговори за судбината на неговата сопруга.

„Не знам повеќе како да го свртам вниманието кон нашиот случај. Времето минува, а настанот паѓа во заборав. Што ѝ се случило на жена ми, жива ли е, кој стои зад нејзиното исчезнување? Ова не е игра, ова не е небитен случај за да биде оставен без решение“, вели Дејан.

Тој додава дека, доколку домашните институции не можат да ги пронајдат исчезнатите лица, треба да побараат помош и од странство.

„Ако нашите служби не можат да пронаоѓаат исчезнати лица, нека побараат помош од странство. Не е само Злата исчезната во Македонија – на стотици луѓе не им се знае судбината“, вели тој.

Злата Јанкова, 45-годишна жена од Свети Николе, исчезна на 16 јуни минатата година. Последен пат била видена во селото Орел, на неколку километри од Свети Николе, каде што со сопругот работеле на нивниот земјоделски имот.

Слични вести