ЈП Водовод: Намалениот притисок е поради неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, полнење базени

by irena 22:17
22:17

„ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја информира јавноста дека на ден 07.07.2025 година и покрај секојдневните апели и преземање мерки, продолжува енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови, што во просек изнесува над 350.000 м3 на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем.

Како последица на сето ова, се соочуваме со прекини на водоснабдувањето на високите зони во делови од градот. Стабилизирање на водоснабдителниот систем се очекува во период по 23 часот.

Како што и претходно информиравме, потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени.

Воедно и апелираме до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата.

Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на
02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk

Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје“, се вели во соопштението на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Слични вести